сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 9
home Вести

Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење – завршна конференција за проектот „Мрежа 23+“

Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење – завршна конференција за проектот „Мрежа 23+“

Институтот за човекови права – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права утре ќе ја одржат завршната конференција од проектот „Мрежа 23+“, на која според најавите на организаторите ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и други владини претставници.

Завршната конференција од проектот „Мрежа 23+“, насловена „Поглавје 23: Пандорина кутија или клуч за добро владеење“, ќе се одржи на 5 јуни во хотелот Холидеј ин, со почеток од 8.30 часот, а најзина цел е презентирање на досегашната работа, како и поттикнување на отворена дебата за состојбите во областите кои се опфатени во поглавјето 23, односно правосудството, борбата против корупцијата и темелните права на граѓаните.

Оваа конференција се случува во пресрет на одлуката на Советот на ЕУ, за евентуално отпочнување на преговори со Унија.

На конференцијата, освен Заев, ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска, градоначалникот на општина центар Саша Богдановиќ, јавниот обвинител Љубомир Јовески, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и претставници на институции, граѓански организации и експерти.

Тие ќе зборуваат за најпроблематичните области, но и за клучните активности кои треба да се преземат во наредниот период во однос на поглавјето 23.

Проектот е финансиран од Европската унија и ко-финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Целта на проектот „Мрежа 23+“ е да придонесе кон вградување на принципите на владеењето на правото во Република Македонија, низ призмата на Поглавјето 23 од пристапувањето кон ЕУ – правосудство, темелни права и борба против корупција, преку структуиран придонес од членките на Мрежа 23.

(Миа)

Коронавирус