среда, 15. јули 2020. Вести денес: 76
home Вести

Поглаварите на верските заедници едногласни: Коронавирусот е сериозна закана

Поглаварите на верските заедници едногласни: Коронавирусот е сериозна закана

Верските лидери заеднички упатија апел до сите граѓани да ја сфатат сериозно опасноста од коронавирусот. Заедно со директорот на комисијата за односи меѓу верските групи, поглаварите на 5-те религиозни заедници зад затворени врати разговарале за предизвиците со кои се соочува државата.

Во заедничко соопштениe известија дека размениле мислење и за се она што можело да се стори поинаку во справувањето со вирусот.

„Граѓаните да се однесуваат одговорно кон себе и кон ближниот за, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна закана по животот и здравјето.

Неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со оваа состојба е достоен за почит и пофалба, а најсоодветниот израз на благодарност за нивниот подвиг треба да се покаже на дело, со почитување на изречените мерки од надлежните институции“.

Темата парламентарни избори не ги заобиколи ниту поглаварите на верските заедници. Апелираат на мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата.

На состанокот зборувале и за важноста од меѓусебната соработка и негување на културата на толеранција, почит и етичност во односите меѓу верските субјекти. Средбата се одржа во клубот на пратеници по еден месец откако е избран новиот реис на ИВЗ.