четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 86
home Вести

Поднесено обвинение против лицето кое го нападна пратеникот Милевски

Поднесено обвинение против лицето кое го нападна пратеникот Милевски

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицето кое на 25 март на плоштадот „Македонија“ го нападна пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски.

Обвинетиот се сомничи за сторено кривично дело „насилство“ и за него е доставен и предлог за определување на мерка притвор.

– На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството за внатрешни работи. Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.