среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поднесена кривична пријава против водителката Лила за даночно затајување

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против познатата водителка Лила Стојановска, според која ја сомничи за даночно затајување, соопштија од оваа институција.
Поднесена кривична пријава против водителката Лила за даночно затајување

„До Управата за финансиска полиција доставена е Пријава од Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК и лицата Е.Н. и Д.Н. во која е изнесено сомнение за сторени кривични дела, со лажно прикажување на факти, против пријавената Л.С. на која и уплатиле вкупно 16.095.600 денари. Притоа е склучен и нотарски е заверен Договор за уредување на меѓусебни обврски ОДУ бр. 399/17 помеѓу пријавеното лице Л.С. и пријавителите, за изготвување на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“, со цел обезбедување средства и со ветување дека за проектот на правното лице ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК ДООЕЛ Скопје, пријавената Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 Евра.

Управата за финансиска полиција поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против пријавената Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н..

Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во информацијата до јавноста на Управата за финансиска полиција.

Коронавирус