четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Подготвени за топлотен бран? Временска прогноза до среда

Подготвени за топлотен бран? Временска прогноза до среда

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени.

Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура утре ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен, а максималната од 29 до 36 степени. Во вторник и во среда максималната температура ќе достигне до 37 степени.

Локални избори 2021