петок, 3. јули 2020. Вести денес: 119
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

ПОДЕМ со реакција изјавата на Заев: Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена?

ПОДЕМ со реакција изјавата на Заев: Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена?

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ пред целата македонска јавност прашува дали последните политички изјави од македонскиот државен врв се во функција на подготвување на терен за промена на уставот.

-Од Премиерот Зоран Заев слушнавме дека Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ. Рече и дека ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност, при што посочи дека тој е човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение, се вели во соопштението на ПОДЕМ.

Затоа ПОДЕМ прашува за какви креативни начини станува збор. И зарем и таквата можност не испраќа уште еден сигнал дека Македонија е подготвена на уште отстапки.

-Дали со вакви изјави се подготвуваат граѓаните на Република Македонија за промена на уставот, се разбира чекор по чекор, но пополека и сигурно. Прво само договор, а во идно време пред влез во ЕУ и промена на Уставот. Веројатно, тогаш во уставот ќе се вклопи и Законот за јазици. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров порача и дека ќе сториме се што можеме извештајот од Европската комисија во јуни да го преточиме во политичка одлука, се вели во соопштението на ПОДЕМ.

Од ПОДЕМ прашуваат што е тоа СЕ?

-Дали македонските граѓани се подготвени да платат ваква цена? Дали знаат каква цена треба да платат и дали знаат што на крај ќе добијат? И дали нешто ќе добијат?, прашуваат од партијата.

Парламентарни избори 2020