недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 44
home Вести

Поддршка за штрајкот на СОНК од ССЕРИ

Поддршка за штрајкот на СОНК од ССЕРИ

Самостојнот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија на Република Македонија (ССЕРИ) ги поддржува просветните работници во користење на штрајкот како крајна опција за остварување на своите барања, во случајот покачување на платите за 25 проценти.

Од ССЕРИ сметаат дека професијата на просветен работник е благородна, но и многу одговорна професија, која заслужува да биде многу повеќе цената во општетството, но и подобро платена.

Тие ги охрабруваат работниците од просветата да останат истрајни во своите барања и искрено се надеваме дека истите ќе им бидат уважени од страна на надлежните.

 

Локални избори 2021