среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Под палката на Царовска се случија неколку силувања во домовите за деца, а одговорност немаше ниту од неа, ниту од Заев“

„Под палката на Царовска се случија неколку силувања во домовите за деца, а одговорност немаше ниту од неа, ниту од Заев“

Мила Царовска и Зоран Заев ја зацрнија државата. Под палката на Царовска се случија неколку силувања во домовите за деца, а одговорност немаше, ниту од Царовска, ниту од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради неодговорноста на власта децата во домовите живеат под константен страв и се изложени на трауми. Две години СДСМ нема преземено ништо во насока на заштита на жените од насилство. Наместо инвестирање во социјална грижа и спречување на насилството, власта инвестираше 1.6 милиони евра за лубриканти, стои во реакцијата и се додава:

„Царовска нема преземено ништо конкретно, туку само чека официјални настани да се фали со тоа што ЌЕ преземе, што потоа никогаш не се реализира. Црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент. Токму затоа СДСМ треба да си замине“.

Коронавирус