петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 83
home Вести

Под мост во Скопје меѓу пандемијата и бедата – ваков живот живеат Адем и Бејруше

Под мост во Скопје меѓу пандемијата и бедата – ваков живот живеат Адем и Бејруше
фото: тв21

Адем , засолниште најде под мост во Скопје…

Изгради импровизирана соба и веќе еден месец живее во неа заедно со својата парализирана сопруга. Освен што мора да работи за да може да се прехранат, тој се грижи и за сопругата која без негова помош не може воопшто да се движи, пренесува ТВ21

Ова е единствениот алат со кој се труди да заработи – собира шишиња од контејнери, кои потоа ги продава.

Ова е вторпат како Адем и Бајруше се враќаат да живеат тука. Хуманите луѓе им помогнале и некое време живееле под кирија, но сега, како што вели, во недостиг на финансиски средства, принудени се оваа соба да ја нарекуваат – дом. Адем за ТВ21 раскажува дека иако ги поднел сите документи, сепак не зема социјална помош.

 

Коронавирус