недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Почнува зимскиот распуст за учениците

Почнува зимскиот распуст за учениците

Заврши првото полугодие за учениците од основните и средни училишта во Штип, со што почнува и зисмкиот распуст. Директорите на училиштата се задоволни од сработеното, но и од финансиските средства, кои што ги добија од општината за реконструкции на училишните дворови, спортските сали, училниците и за набавка на модерни средства за настава.

-Во суштина презадоволен сум од тоа како е реализирана наставната програма за првото полугодие. Презадоволен сум и од покажаниот успех на учениците. Презадоволен сум и од освоените награди на државните натпревари. Севкупно, првото полугодие помина добро. Се надевам дека и второто полугодие ќе биде такво со уште повеќе успеси како за учениците, така и за училиштето, воопшто, вели Методи Папаров директор на ООУ„ Ванчо Прке“ – Штип.

Учениците се задоволни од успехот кој го покажале во текот на првото полугодие, а на настава се враќаат 21 Јануари, кога и почнува второто полугодие за учебната 2018-2019 година.