среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 1
home Вести

Почнува јавната дебата за потребата од закон за вонредна состојба

Почнува јавната дебата за потребата од закон за вонредна состојба

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици“.

Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност за потребата од изготвување закон за вонредна состојба, а ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, обраќања ќе имаат и министерот за правда, Бојан Маричиќ, претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование,  Александар Љ. Спасов, поранешната министерка за правда и редовна професорка на Правен факултет „Јустинијан Први”, Рената Дескоска, професорот Светомир Шкариќ, професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова, судијката во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска, како и судијката во Уставниот суд на БиХ, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска.

Во вториот дел од конференцијата е предвидена панел дискусија на која ќе зборуваат Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи, Марјан Ѓуровски, Васко Наумовски, Александар Спасеновски, Беса Арифи, Јeлена Трајковска-Христовска, Јелена Ристиќ, Денис Прешова, Марко Трошановски, Зоран Дранговски, Гоце Коцевски, Лидија Стојкова-Зафировска и Зоран Јовановски.

Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на претседателот Пендаровски. (МИА)

Локални избори 2021