недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 52
home Вести

Почнува изборната кампања за шестите претседателски избори

Почнува изборната кампања за шестите претседателски избори

Кандидатите за претседател денеска официјално ја започнуваат изборната кампања. Гордана Силјановска тргнува од Охрид, Стево Пендаровски од Прилеп, а Блерим Река во почетокот на изборната кампања ќе одржи митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.

Предизборната кампања ќе трае до 19 април, по што следува 24 часовниот предизборен молк. На претстојните претседателски избори право на глас ќе имаат 1.808.131 граѓанин.

За изборите да бидат успешни, потребно е во вториот изборен круг на 5ти мај да излезат најмалку 40 насто од запишаните гласачи или нешто повеќе од 723.000 избирачи.

Коронавирус