понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 136
home Вести

Почнува Фестивалот на чајот и читањето

Почнува Фестивалот на чајот и читањето

Традиционалниот Фестивал на чајот и читањето организиран од издавачката куќа „Феникс“ почнува денеска и ќе трае до 15 февруари. На фестивалот ќе бидат изберени најдобрите читатели, кои ќе добијат комплети книги од македонски автори – изданија на „Феникс“.

И годинава овој Фестивал е во знакот на чајот и читањето. Најдобрите читатели ќе бидат изберени по онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и Републиката.

Исто така, како што соопштија организаторите, на фестивалот онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“.

Ќе бидат претставени и новите наслови од едицијата „Меридијани“ и најновите едукативни и креативни изданија за деца и млади.

Притоа, нема да изостанат традиционалните зимски саемски попусти на изданијата од „Феникс“, кои ќе бидат од 30-80 проценти.

Локални избори 2021