сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Почнаа протестите за „одбрана на Македонија“ во 24 градови низ Грција

Почнаа протестите за „одбрана на Македонија“ во 24 градови низ Грција

Со грчки знамиња и слогани дека Македонија е грчка, Грците во 24 градови низ целата земја, организирани од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ се собираат на протести за да го изразат нивното незадоволство од последните случувања во македонско-грчките односи, но и за да дадат, како што повикаа организаторите, „уште една битка за грчкиот карактер на Македонија“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, карактеристиката на централен протест ја има Пела, родниот град на Александар Велики, а меѓу граѓаните се и лидерот на грчката партија Сојуз на централисти, Василис Левендис и префектот на областа централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас.

Според грчките медиуми, одѕивот на граѓаните е задоволителен, а на централните плоштади во грчките градови каде што се одржуваат протестите, на граѓаните ќе им се обратат претставници на организаторите.

И покрај тоа што, архиепископот на грчката православна црква, рече дека прашањето не може да се реши со протести, туку за тоа одговорен е да одлучи Парламентот, сепак, голем број митрополити ги поддржаа протестите.

Како што претходно објави МИА, грчките медиуми во текстовите посветени на денешните протести го пренесоа и вчерашното соопштение од македонското МНР со кое апелираа до македонските граѓани што се наоѓаат во Грција да ги избегнуваат градовите каде што ќе има собири.

Портпаролот на грчката влада и министер без ресор, завчера рече дека Владата го признава светото право на граѓаните да се мобилизираат, да протестираат, да го изразат нивното несогласување, резервираност и отфрлање на владината политика, но додаде дека земјата има национална линија од 2008.

МИА

Коронавирус