сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 14
home Вести

Почна војната за префрлање одговорност помеѓу СДСМ и ДУИ: Кој е виновен Филипче или Бесими?!

Почна војната за префрлање одговорност помеѓу СДСМ и ДУИ: Кој е виновен Филипче или Бесими?!

Во пожарот кој изби на 8 септември во тетовската модуларна Ковид- болница, живи изгореа 14 лица, а 12 успејаа да се извлечат. Одговорност за оваа ужасна трагедија не понесе никој! Досега не се утврдени ниту причините за избувнувањето на пожарот.

Кој е крив- Венко Филипче или Флорим Бесими? Почна војната за префрлање одговорност помеѓу СДСМ и ДУИ, дали виновник е министерот или директорот на модуларната болница во Тетово?

СДСМ се „правда“ преку Дојче Веле дека за тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата.

-Целосната надлежност за контролната и оперативната фаза на тетовската модуларна болница била на општина Тетово, директорот на болницата и комунални инспектори, покажува тендерската документација. Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на Светска банка го спроведувале, а локалните власти и директори требало да го контролираат квалитетот и функционалноста на модуларните болници, покажуваат документите до кои дојде Дојче веле, пишува порталот.

Дуи пак, „го возвраќа удрот“ преку Алсат, дека надзорот на градбите на модуларните болници не го правела ниту една акредитирана фирма за тоа.

-Надзорот на градбите на модуларните билници не го правела ниту една акредитирана фирма за тоа. Ниту еден јавно објавен документ или склучен тендерски договор од страна на Министерството за труд и социјална политика не посочува дека фирма вршела надзор. Во документот се наведува дека по завршување на постапката дополнително ќе се назначи надзор, но такво нешто понатамошната документација – нема, пренесува Алсат.

Инаку, по ужасната трагедија, поради изгубените животи и прашањето за безбедноста на пациентите болни од Ковид кои се на болничко лекување, оставка поднесе министерот за здравство Венко Филипче како и неговиот заменик Илир Хасани и двајца директори од тетовската болница.

Останува на премиерот Зоран Заев да одлучи дали ќе ја прифати оставката од министерот Филипче, бидејќи рече дека ќе го почека исходот од истрагата за точно да се лоцира одговорноста за загубените животи во Ковид болницата во Тетово.

Локални избори 2021