недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Почна судењето против државата- Владата, Министерството и Градот не презеле доволно за го спречат аерозагадување

Почна судењето против државата- Владата, Министерството и Градот не презеле доволно за го спречат аерозагадување

Загадувањето влезе во судница. На ред е расчистувањето на аргументите. Почна денеска, а ќе подолжи на наредните рочишта. Владата, министерството и градот Скопје имале законски обврски, но не презеле доволно за го спречат аерозагадување. Ова е дел од тужбата на Македонско здружение на млади правници која беше презентирана на подготвителното рочиште во Граѓанскиот суд, пренесува Телма.

Тужителите дојдоа со папки документи и докази. Велат на нивна страна се одлуките на Европскиот суд за човекови права но и многу домашни и странски извештаи кои ги потврдуваат високите количинини на ПМ честички во главниот град. Адвокатите го потсетија судијата дека и тој и вработените во тужените институции, но и сите граѓани го дишат истиот воздух и се жртви на загадувањето.

Државниот правобранител кој ги застапуваше владата и министерството како и претставникот на градот Скопје побараа судијата да ја отфрли тужбата. Сметаат дека Граѓанскиот суд не е надлежен и не може да одлучува дали некои државни институции не ги исполниле своите законски обврски. Туку дека за непостапување на државен орган треба да се поведе управна постапка. На следното рочиште судијата ќе се произнесе по нивните приговори. Доколку ги одбие и судењето продолжи, најавија докази дека институциите ги преземале сите законски мерки.

Ова е прв судски процес што се води во Граѓанскиот суд а поврзан со аерозагадувањето. Во судот има уште две тужби поврзани со овој проблем. Една е на адвокатот Јордан Апостолски кој најави дека правда ќе бара до Стразбур.

Парламентарни избори 2020