четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 19
home Вести

Почна средбата Мицкоски – Заев

Почна средбата Мицкоски – Заев

Во Владата вечерва почна средбата на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската средба, како што најави претходно премиерот Заев, ќе се разговара за претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата.

– Мене ми е значајно да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште, изјави вчера меѓу другото Заев.

Покрај претседателските избори и реформските закони, изјави Мицкоски, ќе се разговара и за Предлог законот за Специјалното јавно обвинителство кој го добиле во работна верзија, а ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.