понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 112
home Вести

Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата

Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата

Почна собраниската седница за гласање на доверба на Владата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во образложението на барањето за гласање доверба на Владата потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја барале довербата од граѓаните.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиот период Владата извршила партизирање на институциите, бркање од работа на професионалците од институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со пари на граѓаните, политички реваншизам и слично.

Како погубни се оценети и економските политики и планот „3-6-9“ и се обвинува Владата за класично распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес.

Нема информации како ќе се одвива текот на седницата и каков ќе биде соодносот на обраќањата на пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство.

Извесно е дека опозициската партија нема да собере 61 голас за да се изгласа недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера апелираше до пратениците да гласаат за интересите на граѓаните, а не за партиските и за личните интереси и да го поддржат нивното барање. 

Коронавирус