понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Почна ли воопшто со работа македонско-грчката комисија?

Почна ли воопшто со работа македонско-грчката комисија?

Согласно потпишаниот договор со Република Грција, од вчера, 17 јули, требаше да почне со работа мешовитата македонско-грчка комисија, која во наредните три години има за задача да го елиминира наводниот иредентизам, што според Атина, постои во нашите учебници, мапи и други државни документи и материјали. Но, наспроти најавената транспарентност на Владата, за ова изостана било каква информација.

Според информациите од минатата недела, македонската страна имала сериозен проблем во изнаоѓањето „вистински експерти“, како што најави министерот за надворешни работи Никола Димитров. Одредени шпекулации говореа дека најмалку двајца врвни експерти одбиле да учествуваат во комисијата, двајца се уште размислувале дали да го прифатат ангажманот, а дефинитивно не се изјаснил и еден од експертите, кој веќе е член на мешовитата македонско-бугарска експертска група.

Како што е познато, Грција има доставено 144 забелешки за примери на македонски и албански иредентизам присутен во македонскиот јавен живот финансирани од државни и општински органи, додека Македонија доставила само една забелешка.

Коронавирус