четврток, 9. април 2020. Вести денес: 176
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Почна исплатата на парите од МојДДВ за 10, 11 и 12 месец

Почна исплатата на парите од МојДДВ за 10, 11 и 12 месец

Управата за јавни приходи соопшти дека започна со исплата на парите од Мој ДДВ, за второто тримесечје. На сметките на корисниците на апликацијата МојДДВ кои скенирале фискални сметки во месеците октомври, ноември и декември 2019 година, ќе бидат исплатени 3 871 000 евра.

Управата за јавни приходи уште еднаш апелираше до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Според нивните податоци од 1 јули 2019 до 31 јануари 2020 година има вкупно  236. 442 корисници на МојДДВ, скенирани се  66.885.228 фискални сметки, остварен е  промет од 32. 456. 740. 434 денари со вкупен ДДВ 3.512.292. 634 денари. Повратот на 15%  е 526.843.896 денари или 8.567.000 евра.

„Само во месец јануари 2020, првиот месец од третото тримесечје има нови 23.387 корисници на апликацијата МојДДВ и вкупен поврат15 % од ДДВ заклучно со 31.01.2020 во износ од 1.724.000 евра“, информира УЈП.

Коронавирус