сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 121
home Вести

ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Една година од сообраќајката кај Ласкарци, смртта на 16 граѓани ја зави Македонија во црно

ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Една година од сообраќајката кај Ласкарци, смртта на 16 граѓани ја зави Македонија во црно

Денес се навршува една година од страотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи, а над 30 се здобија со тешки повреди и го зави Гостивар во црно.

Несреќата се случи околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, најголем дел од Гостивар.

Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот. На местото веднаш на помош претрчаа мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници.

Инаку судскиот процес за оваа несреќа уште трае. Во досегашниот судски процес беа презентирани низа вербални и материјални докази. На последното рочиште од страна на вешти лица беа презентирани вештачења за здравствената и психичката состојба на Маноил Труфуновски, возачот на „Дурмо турс“.

При превртувањето на автобусот загинаа:

Ајдин Исмаили, од Гостивар, кој работел како туристички водич.

Зоран Давидоски (1981), вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.

Раметула Абдурахими, работел во администрација во Скопје.

Јовица Трпевски, 27 години, кошаркар на КК Гостивар.

Онур Садику, 19 годишeн студент на Mедицинскиот факултет во Скопје, чие семејство живее и работи во хрватскиот град Пореч.

Бобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН.

Павле Костовски, вработен во Организација на потрошувачи на Македонија.

Трпана Јаневска, од Гостивар.

Валдете Хамити (1989) од Дебреште.

Есад Емрули од Гостивар.

Бејза Узеири од Бањица.

Бесим Фетаи од Врапчиште.

Дејан Ристовски, вработен во Народна Банка.

Арсе Арсовски, имаше 56 години и е од гостиварска Железна Река.

Ферди Касо, имаше 39 години и почина по три дена во болница.

Ерза Османи, млада девојка која почина по 5 недели тешка битка во болница.

 

 

 

Коронавирус