сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Почитувајте ги препораките за заштита од коронавирусот!

Почитувајте ги препораките за заштита од коронавирусот!

Имајќи ги превид препораките и заклучоците на Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство за коронавирусот, најновите случувања во светот и регионот, каде државите превземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на граѓаните, како и фактот дека на територијата на Македонија веќе е потврден првиот случај на заразено лице од вирусот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира до сите Државни институции и до работодавачите да ги преземат сите мерки за заштита на безбедноста и здравјето, како на работниците, така и на сите граѓани.

-Апелираме сите работници и граѓани, максимално да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките на Министерството за здравство за намалување на ризикот од појава на инфекција од коронавирусот и задолжително и често да се мијат рацете со сапун и вода и тогаш кога не се видливо нечисти или да се користи чистач за раце што содржи алкохол, а при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употребата марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете. Потребно е да се воведе дополнителна заштита храната и темелно готвење на истата, се наведува во соопштението на ССМ.

Покрај тоа, според ССМ, треба да се воведе посебна заштита при работа на отворено, да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема, да се штити населението од настинки, односно да се избегнува незаштитен контакт со болни, вклучувајќи и допир на уста, нос и очи, како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

ССМ смета дека почитувањето на мерките во голема мера ќе придонесе за спречување на ширењето на вирусот.

-Загрижени сме за работниците кои во наредниот период заради своите работни обврски ќе бидат директно изложени на постојан контакт, како и за сите граѓани, и ги охрабруваме надлежните институции со сите расположливи капацитети навремено покрај преземањето на сите мерки, да информираат за сите промени со што ќе се придонесе и за спречување на ширење на паника. Потсетуваме дека Синдикатот за градежништво при ССМ, пред околу еден месец веќе апелираше до институциите и работодавачите за преземање на соодветни мерки и активности за спречување на ширење на вирусот на нашата територија, се додава во соопштението на ССМ.

Коронавирус