вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 72
home Вести

Починаа тројца пациенти во штипскиот ковид центар

Починаа тројца пациенти во штипскиот ковид центар

Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти, од кои двајца од Кочани на возраст од 55 и 82 години и еден штипјанец на возраст на 78 години.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен информира дека во Инфективното се лекуваат 39 пациенти. Но, загрижува тоа што 36 се на кислородна поддршка, а во текот наизминатите 24 часа примиле и шест нови пациенти.

Пациентите кои се лекуваат во овој ковид центар доаѓаат во тешка здравствена состојба, затоа и инфектолозите постојано апелираат на имунизација на населението, но и веднаш да се јават кај матичниот лекар. Во моментов на Инфективното одделение има 21 слободен кревет, а на Кожното одделение немаат хоспитализирано пациенти со лесна клиничка слика.

Коронавирус