понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 58
home Вести

Почина уште еден од повредените во автобуската несреќа, бројот на загинати се искачи на 15- Министерство за здравство со нови детали

Почина уште еден од повредените во автобуската несреќа, бројот на загинати се искачи на 15- Министерство за здравство со нови детали

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа.

-Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен на КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал, информираат од Министерство за здравство.

Инаку, во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.