четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Почина Тони Николовски, посебен советник во Владата

Почина Тони Николовски, посебен советник во Владата

Од последици од Ковид-19 почина Тони Николовски, посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство Аријанит Хоџа.

Николовски работеше како монтажер во МТВ, снимател и монтажер во згаснатата А1 ТВ и снимател во Агенција Анадолија од 2015 до 2020 година.

Николовски кој е сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ и советничка на премиерот Заев, Ленче Николовска важеше за колегијална и професионална личност.

Коронавирус