вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 84
home Вести

Почина скопјанец заразен со маларија

Почина скопјанец заразен со маларија

Триесет и петгодишен скопјанец, кој се заразил со маларија најверојатно на службен пат во Гана, бил примен во крајно тешка здравствена состојба на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, по што во текот на вчерашниот ден починал.

Ова за МИА го потврдија од Клиниката за инфективни болести од каде посочуваат дека по доаѓањето на Клиниката тој веднаш бил хоспитализиран, болеста му била дијагностицирана, но за жал не можело многу да направи, бидејќи бил во тешка состојба. (МИА)