сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Почина првенката на македонската опера, Павлина Апостолова-Богданова

Почина првенката на македонската опера, Павлина Апостолова-Богданова

Во Скопје, на 90-годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера. Павлина Апостолова-Богданова припаѓа на прават генерација оперски солисти што ја формираа македонската  оперска сцена и музичка култура.

До нејзиното заминување во пензија,  со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.

Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник. Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.

Коронавирус