понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 53
home Вести

Почина познатиот македонски архитект Јован Стефановски- Жан

Почина познатиот македонски архитект Јован Стефановски- Жан

Почина еден од најпознатите македонски архитекти, Јован Стефановски – Жан, објави Нова Македонија.

Тој беше автор на многу објекти во државата и странство. Меѓу неговите најпознати дела се Милениумскиот крст на Водно, новиот театар и преку 550 други објекти во Македонија и светот.

За неговата исклучителна работа говорат и многубројните награди кои ги има добиено во Македонија, но и надвор од неа.