сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Почина познат штипски хирург од коронавирус, 9-та жртва меѓу здравствените работници

Почина познат штипски хирург од коронавирус, 9-та жртва меѓу здравствените работници

Ковид-19 зеде уште една жртва од медицинската фела во земјава, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ).

Денеска починал познатиот и почитуван хирург од Штип, Ѓорѓи Денков.

-Денеска во 67-та година од животот почина познатиот и почитуван хирург од Штип, д-р Ѓорѓи Денков. Сочувство до семејството, колегите и пријателите. Ова е 9-та жртва од медицинската фела во ковид-19 пандемијата. Ве молиме почитувајте ги мерките за заштита и спречување на ширењето на SARS-CoV-2. Овие загубени животи не смеат да бидат залудни, напишаа од АСМЛ.

Најнови вести

Коронавирус