Денес во Битола на 88 годишна возраст почина Живко Божиновски, основач и поранешен директор на Битолската пивара. Божиновски беше на чело на Пиварата 10 години, а во негово време се бележи најголемиот подем на пиварата, кога ги постигна најголемите успеси, а битолското пиво се продаваше во Белград, Софија и другите градови на Балканот, објави bitolanews.
Живко Божиновски е роден 23 септември 1932 година во село Мало Црско, Кицевско. Од својата 9 та година се образува во Битола каде завршува средно економско ичилиште и како истакнат ученик продолжува со школовањето на економски факултет во Скопје.
Како успешен и докажан директор својата работна кариера ја продолжува во “Континентал“ – Битола, каде беше претставник во Софија 4 години.
Погребот ќе биде утре во 14 часот на гробиштата во црквата “Св. Недела“, а посмртните останки ќе бидат излоќени од 12 до 14 часот.