петок, 25. септември 2020. Вести денес: 56
home Вести

Почина Љупчо Тозија

Почина Љупчо Тозија

По кратко боледување вчеравечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.

Тозија зад себе остави бројни режисерски потписи меѓу кои на играни телевизиски, документарни филмови и театарски претстави како „Желба во глината“, „Каменот тежи на своето место“.

Режисерското деби го имаше во 1973 година во Драмскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“.

Неговата храброст своевремено да пласира критичка мисла преку оваа претстава резултираше со забрана по втората изведба. Неретко низ неговата биографија се провлекуваше силната критичка мисла и посветеност на државата.

Коронавирус