– Ги известуваме сите наши бивши припадници дека денеска почина наш член од Штипската чета, Иле Качаков – Качако. ВЕЧНА МУ СЛАВА!, објавено е на Фејсбук страницата Македонски лавови.
Засега не се познати повеќе детали за смртта на Качаков, дали можеби како последица од пандемијата со КОВИД-19, несреќа или пак природна смрт.
На истата ФБ страница пред неколку дена беше објавено дека на 26 ноември од срцев удар починал поранешниот припадник на „Лавовите“ Дени Арсов.
– На оваа фотографија е наш бивш припадник Дени Арсов – Гипси ( 1978 – 2020 ), кој поради срцев удар не напушти прерано пред два дена.