вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Почина Борис Ноневски

Почина Борис Ноневски

По долго и тешко боледување завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучувач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори, поранешен директор на Кинотеката на РМ во Скопје именуван во два мандата на чело на оваа национална институција.

Борис Ноневски (1948 година), по завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, работи во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје. Од 1976 – та е пак, во Белград, како уредник во списанието „Социјализам“, се до 1985 – та кога е избран за директор на Кинотеката на Македонија, а во 1993 – та го организираше Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Деновиве пак, француската влада му додели високо одликување! Во 2009. францускиот амбасадор во земјава Бернар Валеро, му го предаде високото одликување „Витез во редот на уметностите и литературата“.

Како нејзин втор директор, Б. Ноневски македонската Кинотека ја унапреди во сите делови на кинотечната активност: зачувувањето на филмското наследство на македонските филмови од браќата Манаки и последоватлните кинематографи, во афирмацијата на тоа наследство, зачленувањето во мешуанродните филмско-кинотечки установи, во организирањето научни симпозуми со регионален опфат и објави на книги посветени на делата на повоената македонска кинемаографија, стручното учество на фестивлот на филмската камера во Битола посветен на браќата Манаки.

Автор е на голем број единствени истражувачки прилози и книги, а зад себе остави и неколку завршени, сѐ уште необјавени книги.

Погребот на Борис Ноневски се одржа вчера во родниот Претор.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија