петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Побарано изземање на судечкиот совет за „Насилство во Центар“

Побарано изземање на судечкиот совет за „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд денеска продолжи рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“, на кое исказ треба да дадат двајца сведоци.

На рочиштето присуствуваат сите обвинети, нивните бранители со исклучок на Милан Андонов и Митко Печков, кои се адвокати на Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Одбраната непосредно пред судењето достави барање за изземање на судечкиот совет.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

МИА

Најнови вести

Коронавирус