среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 123
Состојбата е алармантна

НЕОФИЦИЈАЛНО: 641 новозаразен, 325 се од Скопје

home Вести

Побарано е продолжување на притворот за Катица Јанева

Побарано е продолжување на притворот за Катица Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе предлог да и се продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврдуваат за Телма од обвинителството.

Вчера нејзината адвокатка Ирена Фрчковска поднесе барање за укинување на мерката притвор за Јанева. Одлуката за барањата на обвинителството и одбраната ќе биде донесена најдоцна до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор.

Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

Коронавирус