сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 72
home Вести

Побаран притвор за две лица за рабојништво на бензинска пумпа во струшко Велешта

Побаран притвор за две лица за рабојништво на бензинска пумпа во струшко Велешта

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Како што информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, 24-годишен жител на с. Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август, годинава, го извршиле во бензинската пумпа на Макпетрол, лоцирана во с. Велешта, струшко.

– По интензивно преземање дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени беа лишени од слобода во текот на вчерашниот ден. Поради постоење на законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените лица, стои во соопштението од ЈОРМ.

МИА

Коронавирус