среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

По забраната од страна на власта да се пее и учи македонската химна- денес училишните дворови беа преплавени со расфрлани летоци со македонската химна

По забраната од страна на власта да се пее и учи македонската химна- денес училишните дворови беа преплавени со расфрлани летоци со македонската химна

Расфрлани летоци по основните училишта со македонските химни

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели.

Имено откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

Македонскиот пејач Панчо од ДНК на својот Фејсбук профил објави дека откажувањето на химната на својата татковина е исто како на првачињата да им забраниш да ја учат азбуката.

– Јас за моите деца сум сигурен дека ќе ги научам и воспитам да ги почитуваат сите луѓе без оглед на етничка припадност, но сум уште посигурен дека гордо ќе ја пеат и научат химната на Македонија од почеток до крај, а за вашите не знам. Секој со своето. На дното му нема крај, пишува Панчо.

На крајот од објавата во постскриптум замолува статусот да не се користи за политички цели бидејќи, како што вели, химната е на сите жители на Македонија, без оглед за која политичка партија се определени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на својот Фејсбук профил прашува дали „Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!“

Неговиот статус и приложените фотографии, ги пренесуваме во продолжение; 

Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение.

Старата програма (слика 1) предвидуваше учење и пеење на химната на Македонија.

Во новата програма (слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.

Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!?

По острата реакција на јавноста денеска во неколку основни училишта во Скопје беа расфрлени летоци со македонската химна, алудирајќи на властите да не ја забрануваат химната во училиштата, особено на првачињата кои за прв пат ќе се сретнат со неа.

Коронавирус