понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 145
home Вести

По викендот ни доаѓа целосен пресврт- еве какво време не очекува од понеделник, особено без чадор не излегувајте од дома!

По викендот ни доаѓа целосен пресврт- еве какво време не очекува од понеделник, особено без чадор не излегувајте од дома!

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, локално и над 20 литри на метар квадратен. Како што најавува УХМР, на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со силен јужен ветер, над 60 километри на час, а ќе има и појава на грмежи.

Дожд ќе врне и во вторник попладне.

Зголемување на облачноста, според УХМР, ќе има од недела, кога ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до вторник. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

И покрај промената на времето, дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

ЕУРО 2020

Македонија