вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

По тројцата вработени позитивни на коронавирус, заболе и дете од истата градинка

По тројцата вработени позитивни на коронавирус, заболе и дете од истата градинка

Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на Ковид 19. Според градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, останатите деца од групата се во изолација заедно со воспитувачката и негователката, објави телевизија 24.

Во групата биле четири деца, а три требало да тргнат во градинка од 1-ви Октомври. Според Велковски детето не го добило вирусот во градинката туку од надворешен контакт, јавува телевизијата.

Останатите деца и негователките немаат никакви симптоми, но веројатно ќе бидат тестирани на корона вирус, пред да продолжи нивното згрижување во градинката.

Претходно во оваа градинка има регистриранo три случаи на коронавирус кај вработените, две негователки и административен работник, а еден е во изолација.

Досега коронавирусот беше утврден кај вработени во градинки во Тетово, Скопје, Виница, Чешиново Облешево и кај деца кои посетувале градинка во Струмица и Скопје.

Коронавирус