понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Рускоска се правда по тешките обвинувања од Боки 13

Рускоска се правда по тешките обвинувања од Боки 13

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, ги повикува оние што имаат докази за некаков криминал да поднесат пријава против неа.

Ова нејзино огласување доаѓа откако денеска обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, излезе со обвинувања кон обвинителката.

-Ги охрабрувам сите што имаат нешто да пријават тоа да го сторат и заедно со сите докази што ги поседуваат да ги достават до МВР, вели Рускоска за „360 Степени“.

„Дали лицето Вилма Рускоска да го пријавам кај обвинителката Вилма Рускоска? Каде да го пријавам лицето Вилма Рускоска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?“ –праша Бојан Јовановски алијас Боки 13.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“  Боки 13 на денешното судско рочиште кажа дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Рускоска вреден четири милиони евра. Поради тоа, побара нејзино изземање од „Рекет“.

Јовановски не образложи за што станува збор, и побара совет од судијката Васка Николовска Масевска каде и како да поднесе пријава за тоа. Кажа дека се обратил до обвинителството, но таму го пренасочиле на судот.