среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

По сончевиот и топол викенд: Големо невреме, грмежи и пороен дожд

Во среда и четврток во поголемиот дел од земјава ќе се задржи суво време, а нови врнежи од дожд се очекуваат во петок.
По сончевиот и топол викенд: Големо невреме, грмежи и пороен дожд

Денес во попладневните часови најпрво во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Локално ќе има и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.

Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.

Потоа во наредните денови ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини од снег.

Дневната температури ќе има тенденција на опѓање, но од петок повторно ќе се покачува.

Во среда и четврток во поголемиот дел од земјава ќе се задржи суво време, а нови врнежи од дожд се очекуваат во петок.

Следниот викенд ќе има нестабилно време, со пороен дожд и грмежи.

Најнови вести

Коронавирус