вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 95
home Вести

ПО СНЕЖНИТЕ ВРНЕЖИ: Отсечени села во мавровско, 10 лица заглавени во викенд населба во мариовско, непроодни патишта во неколку региони

ПО СНЕЖНИТЕ ВРНЕЖИ: Отсечени села во мавровско, 10 лица заглавени во викенд населба во мариовско, непроодни патишта во неколку региони
илустрација

Центарот за управување со кризи соопшти каква е состојба во земјата по врнежи од снег до 08:30 часот денеска. На неколку региони се уште има непроодни патишта, а отсечени се и повеќе села.

Скопски регион

Од Град Скопје известуваат дека ЈП Улици и Патишта – зимската служба на град Скопје од 07:00 часот изутрина на ден 15.02. па се до 07:00 часот на ден 16.02.2021 година интензивно се вклучени во расчистувањето на снегот од главните сообраќајници на трети ленти, подвозници, надвозници, мостови и критични места во градот, и при тоа се употребени 95 тони сол.

Битолски регион

Во општина Новаци сите патни правци во рамничарските населени места се проодни во зимски услови, а во моментот целата расположлива механизација на ЈП Комунална Хигиена работи на расчистување на патниот правец кон мариовските села Старавина, Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште и истиот ќе биде завршен во текот на денот.

Во општина Демир Хисар, патот кон с.Мало Илино ќе се чисти во текот на денешниот ден. Во општина Ресен проодни се сите магистрални и регионални патни правци со остатоци од снег на планинските превои Ѓавато и Буково.

Во општина Прилеп во с.Вепрчани поради непродност на локалниот пат поради високите снежни врнежи во координирана акција од ПО РЦУК Прилеп, граничната полиција, ЕЛС Прилеп и ТППЕ Прилеп успешно е завршена евакуацијата со теренски возила на 6 завеани лица од Кавадарци.

Сообраќајот на регионалниот пат Р 107 Прилеп -Витолиште е можен само со теренско возило. Во викенд населбата на Црна река кај Расимбегов мост – Мариово останати се 10 лица кои бараат чистење на регионалниот пат Р 107 Прилеп – Витолиште за да можат да се вратат во Прилеп.

Во селата во Мариовскиот регион – Бонче, Крушевица, Чаниште, Кален, Дуње, Вепрчани, Пештани, Кокре, Манастир, Бешиште и Полчиште, локалните патишта ќе се чистат по расчистувањето на регионалниот пат Прилеп – Витолиште. Сообраќај е можен само со теренско возило.

Тетовски регион

Во тетовскиот регион целосно се дорасчистуваат локалните патишта и тротоари, додека отежнато е движењето во повисоките планински села каде се препорачува употреба на зимска опрема и без поголема потреба да не се напуштаат домовите. Висината на снежната покривка во пониските делови е околу 20 сантиметри, додека на повисоките места е до 65 сантиметри.

Во Гостиварскиот регион се дорасчистуваат подалечните села.

Во Мавровскиот регион се уште не е исчистен патот до селата Дуф, Леуново, Сенце, Никифорово, Мистрово и еден дел од Врбен, поради лошата конфигурација висината и земјениот пат до село Мистрово каде треба за чистење да се употреби багер.

Охридски регион

Локалните патни правци во општините Охрид и Дебрца се проодни во зимски услови, нема отсечени села.
Во општина Струга непроодни се патните правци до населените места во Малесија – Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Буринец, како и селата Вишни и Горна Белица.

Во општините Дебар и Центар Жупа нема отсечени села.

Во општина Кичево непроодни се патните правци кон селата Душегубица, Кленоец, Попоец.
Во општина Македонски Брод непроодни се патните правци кон селата: Бенче, Битово, Волче, Заград и Ботушје.

Велешки регион

Во Велешкиот регион се расчистува патниот правец Велес-с.Раштани-с.Бузалково. Се врши посолување на патниот правец с.Отовица-с.Сујаклари и с.Мамутчево-с.Иванковци, како и улиците во повисоките делови од градот.

Во општина Демир Капија се расчистува патот кон с.Челевец, додека патот кон с.Барово е непрооден.
Во општините Свети Николе и Лозово непроодни се патните правци за селата Малино, Крушица, Алакинци, Патетино, Орел и Павлешенци каде се работи на расчистување.

Штипски регион

Во Штипскиот регион меѓуградските патни правци се проодни за сите видови на возила. Само во ридско планинските села во општините Штип и Карбинци патиштата сеуште не се исчистени и се оди со теренски возила. Екипи на ЈП од истите општини се на терен. Исто така на патните правци Виница – Берово и Берово – Струмица има остатоци од кашест снег.

Кумановски регион

На подрачјето на општина Куманово се работи на оспособување на сите патни правци кон селата согласно планот-динамиката за трета фаза на приоритети. На 195 добиено е известување дека патниот правец Брзак – Агино село и патниот правец Косматац – Мургаш кон Новосељане се непроодни и на истиот има наноси од снег и до 80 сантиметри.

Во општина Старо Нагоричане непроодни се патните правци кон селата: Длабочица, Арбанашко, Дејловце, Малотино, Мгленце, Буковљане, Бајловце кон Цветишница, Цвиланце, Жељувино и Дренак.
Од општина Липково известуваат дека регионалните и локални патни правци во општината во поголем дел се делумно проодни во зимски услуви, додека во планинскиот дел селата кои се на повисоките места снежната покривка е поголема и се непроодни. Непроодни се локалните патни правци кон селата: Глажња, Лукаре, Гошинце, Думановце, Извор, Ранковце, Руница, Стража и Стрима во општина Липково, но голем дел од селата се без население (викенд куќички);

Во општина Крива Палaнка регионалните патни правци Крива Паланка-село Огут и Крива Паланка-село Луке се исчистени и се проодни по влажен коловоз.

Регионалниот патен правец Ранковце–село Герман е непрооден поради висина на снег на патот се чисти со возило – трактор. Отсечени се селата: Герман, Пклиште, Станча, Гулинце.

Регионалниот патен правец Ранковце–село Крилатица во општина Кратово е непрооден поради изместени пропусти на Крива Река во село Крилатица.Локалните патни правци во општина Ранковце се проодни во зимски услови.

Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците и патиштата во селата: Опила, Одрено, Псача, Петралица и Гиновце.

Локалните (земјени) патишта с.Петралица–с.Баратлија, с.Радибуш–с.Криви Камен, патот кон село Милутинце, кон село Отошница (повисокиот дел) се проодни само со теренско возило. Локалните патни правци во општина Крива Паланка се проодни во зимски услови.

Од утринските часови интервенирано е на чистење на улиците во градот Крива Паланка и локалниот пат кон манастирот во село Варовиште.

Локалниот пат с.Огут–с.Нерав, е непрооден поради висина на снег и локалниот (земјен) пат с.Дурачка Река–Дренак е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Дренак. Локалниот (земјен) пат с.Мождивњак-с.Борово е непрооден поради висина на снег, отсечено е с.Борово. Останатите локални патишта кои водат кон селата во општината се проодни , но само со теренско возило.

На територијата на општина Кратово по обилните врнежи во изминатиот период локалниот патен правец Кратово-с.Каврак во планинскиот дел е под снежна покривка од 35 цм и сообраќајот не се одвива. Локалните патни правци во низинскиот дел се одвиваат со теренски возила до с.Коњух. Патниот правец с.Сакулица-с.Татомир е во прекин поради снежна покривка од 30 цм. Патниот правец с.Крилатица-с.Ранковце е во прекин поради однесен премин преку К.Река, Којково, Крилатица, Куново, Нижилово, Мушково, Луково, Талашманци, Татомир и Тополовиќ.

ЕУРО 2020

Македонија