петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

По смртта на семејството: Бугарските обвинители ќе спроведуваат истрага за несреќата кај Солунска глава

По смртта на семејството: Бугарските обвинители ќе спроведуваат истрага за несреќата кај Солунска глава

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „Цесна“ кај Солунска глава на 2-ри април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

-Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, пренесува Бгнес.

Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.

Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители.