четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 140
home Вести

По скоро една недела, Заев се „сети“ кога го пријавил Рекет?!

Логичното прашање е зошто на премиерот на заминување му требаше толку време за да „провери“ во својата агенда. Временскиот период од поставувањето на прашањето и дадениот одговор отвора основан сомнеж околу веродостојноста
По скоро една недела, Заев се „сети“ кога го пријавил Рекет?!

По скоро една недела од директното прашање адресирано лично до него, премиерот на заминување Зоран Заев, конечно се „сети“ и на својот Фејсбук-профил попладнво соопшти дека случајот „Рекет“ го пријавил на 22 април 2019 година.

– Денес добив прашање од медиумите за точниот датум кога сум го пријавил случајот „Рекет“. Проверив и ја известувам јавноста дека случајот „Рекет“ го пријавив на 22 април 2019 година, напиша Заев.

Претпладнето, под притиок на јавноста, медиумите и опозицијата која со денови го прозива, Заев најави, дека точниот датум на состанокот ќе го проверел во својата агенда и ќе го соопштел до крајот на денов.

Логичното прашање е зошто на премиерот на заминување му требаше толку време за да „провери“ во својата агенда. Временскиот период од поставувањето на прашањето и дадениот одговор отвора основан сомнеж околу веродостојноста. Зошто на Заев му требаше толку време да се „сети“ и да ја „провери“ агендата, прашуваат наголемо граѓаните на социјалните мрежи?

Коронавирус