недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 26
home Вести

По скандалозната работа и вмешаноста во „Рекет 2“ Ден Дончев си поднесе оставка, излегуваат на виделина валканите игри на власта?

По скандалозната работа и вмешаноста во „Рекет 2“ Ден Дончев си поднесе оставка, излегуваат на виделина валканите игри на власта?

Ден Дончев си поднесе оставка од местото директор на Фондот за здравство. Тој како причина за оставката наведува здравствени и семејни причини.

Дончев тврди дека оставката планирал да ја даде по изборите кои требаше да се одржат на 12 април но бидејќи тие не се случија, а најлошото со корона вирусот поминало сега почустувувал вистинско време да го стори тоа.

Но, по оставката на контроверзниот Дончев, се поставува прашањето дали вистинската причина се двете големи афери во кои тој се споменува и можноста да биде гонет.

За потсетување, сопственичката на „Диамед“ го обвини Дончев дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче се обиделе да попречат странска инвестиција да влезе во Македонија.

Таа тврдеше дека е рекетирана од Дончев и оти заедно со Филипче  двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.

Во оваа афера наречена „Рекет 2“ како посредник се јавуваше и Зоран Милевски-Кичеее кој го призна делото во случајот „Рекет“.

Ден Дончев признава дека е во спрега со обвинителството да го поништи договорот

Ден Дончев, директор на Фондот за здравство во септември на прес-конференција, која беше организирана за правдање пред јавноста за аферата „Рекет 2“, заврши како целосно фијаско за власта.

Дончев во исклучително збунувачки настап откри „повеќе од што требаше“, па така изнесе информација дека и кажал на Шведската компанија која сакала да го купи Диамед, дека против неа има истрага, со тоа и директно повредувајќи ја тајноста на истрагата.

На прашањето дали во писмото кое го пратил Дончев до Швеѓаните стоело дали се водело истражна или предистражна постапка, тој кажа дека во првото писмо пишувало дека ќе се води истрага, по првично негирање.

-Значи вие сте ја измамиле шведската фирма дека во моментот се води истрага, праша новинарот.

На што Дончев одговори дека само им кажал за намерите да се води истрага. По што новинарот во потпрашање запраша дали всушност Дончев знаеле дека ќе се води истрага, на што тој кажа апсолутно да.

Ден Дончев до жена инвалид: Ти бараш „Мерцедес“, а ние може да ти понудиме „Фиќо“

Во емисијата „24 Отворено“ во јануари годинава Снежана Караџовска која е инвалид од септември 2016-та година, со две ампутирани нозе, потенцираше дека за нејзината ситуација таа упатила писмо до министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, каде ги запознала со нејзината ситуација.

-Како мене случај нема во Република Македонија. Прашајте ги колку лица како мене обучиле? Никој, истакна Караџовска.

Таа додаде дека имала средба со Ден Дончев при што тој и рекол дека таа барала „Мерцедес“, а тие можат да и дадат „Фиќо.

Имено, во своето гостување таа додаде дека е разочарано што во емисијата нема ниту еден претставник од Фондот за здраствено осигурување и од Заводовот за рехабилитација.

Давидовиќ: Дончев и Кичеец вршеле притисок за да добијат удел и дел од продажната цена на Диаверум

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во интервју за Алфа Телевизија, изјави дека Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец ги уценувале поранешните сопственици на Диаверум за да добијат удел во фирмата, а кога не успеале во тоа продолжиле со уцените за да добијат дел од парите од продажбата.

Моите овластодавци, бившиот сопственик на Диаверум и нејзиниот сопруг кои дадоа изјави и кои се доставени до обвинителството тврдат дека во изминатиов период додека траеле преговорите за продажбата, второ пријавениот за кого е проширена истрагата, Кичеец, заедно со Ден Дончев вршеле притисок на нив за да ја сменат сопственичката структура и да добијат удел во Дијаверум, кога не успеале во тоа и кога виделе дека се вршат и понатаму преговори за продажба побарале да добијат дел од продажната цена, истакна Давидовиќ.

Тој за оправдувањата на Дончев дека предупредувал, вели дека прво тоа не е негова надлежност, а потоа врши кривично дело затоа што изнесува лажни факти и делови од истрага која во тој момент не постоела и затоа се сомнева дека Дончев имал други намери бидејќи тендерот се уште е функционален и фондот врз основа на тој тендер врши исплата.

Ако не го оспорите тендерот и тој тендер до ден денешен не е оспорен, и тој тендер функционира тогаш имате друга намера и некаква друга цел. Да не заборавиме, две ревизорски куќи и две адвокатски друштва учествуваа во испитување на друштвото Дијаверум на фирмата којашто и дале позитивен сигнал на странскиот партнер за да ја купи . Ниту еден странец без добро да ја испита положбата на правното лице нема да даде пари, нагласи Давидовиќ.

по неколкуте скандали и вмешаноста особено во случајот „Рекет 2“ јавноста прашува дали Ден Дончев си поднесе оставка поради новите валкани игри кои ги игра власта во време на пандемијата останува да видиме.

Коронавирус