сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 64
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

По силниот земјотрес Заев изрази сочувство и понуди помош за Албанија

По силниот земјотрес Заев изрази сочувство и понуди помош за Албанија

Премиерот Зоран Заев денеска изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Албанија и понуди помош и поддршка.

-Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците, вели Заев.

Тој во објава на својот Фејсбук профил вели дека од утрово се во комуникација со институциите на Албанија и оти земјава е подготвена да ја пружи сета неопходна помош и поддршка.

Коронавирус