недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

По шверцувањето на законот за употреба на јазиците, сега Собранието треба да се самокорегира

По шверцувањето на законот за употреба на јазиците, сега Собранието треба да се самокорегира

Поставањето вето на законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Република Македонија,  кое беше детално аргументирано во ова разгледување на законот кој е влезен во Собрание треба да се гледаат и запирките и точките.

-Како што сите сме информирани, опозицијата доставила 35.000 амандмани на законот. То аефективно значи дека за разлика од првото поминување и изгласување на законот, со негово буквално „шверцање“ во законодавниот дом, како и без никакво учество на опозицијата, овој пат за очекување е потемелно разгледување, што се вели, до последна точка и запирка на законот, пишува на својот ФБ пробил професорката и поранешен пратеник од СДСМ, Каролина Ристова-Астеруд.

Според неа опозицијата, во целата ситуација има голема одговорност да ја одигра својата проектирана уставна улога.

-Самото активирање на претседателското вето, со се што последователно следи, преставува школски пример на отелотворување на основната замисла и идеја на уставотворецот заради која и постои овој и ваков уставен механизам. Имено, и кај нас како и во споредбеното уставно право на слободни и демократски земји, законодавното вето на шефот на државата (претседател/каилимонарх) е механизамна „ контролна кочница и врамнотежнување“ ( во оригинал – механизамна „check and balance“) во законодавниот процес, односно во процесот на донесување на општите правни правила по кои ќе живее државната, политичката и општествената заедница, како и сите индивидуи кои ја сочинуваат, објаснува таа.

Според неа оттука, „оваа и ваква „контролнакочница“ и „ врамнотежување“ е уставно дадена шанса за законодавецот (најчесто парламентарното/владино мнозинство) да се (само)корегира“.

-Сето ова добива повеќе на значење заради тоа што во нашиот републикански државно-правен поредок, и законодавниот дом, но и шефот на државата, имаат директен легитимитет од Суверенот – граѓан(к)ите, стекнат на квалитативно ист начин, имено, преку општи, непосредни и тајни избори, заклучува Астеруд.

Коронавирус