сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 56
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

По револтот на граѓаните се огласија и естрадните ѕвезди: „Нема да дозволиме да се руши Универзална сала“

По револтот на граѓаните се огласија и естрадните ѕвезди: „Нема да дозволиме да се руши Универзална сала“

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавноста на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди, пишува Вистина.мк… па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала! Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов “уцвика“ па го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала?

Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место!

Но, тоа не ја запре лавината на негодувања која ја предизвика неговата „штик проба“ на мала врата да протне „голема бизнис“, па цунамито од реакции не стивнува ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите. Еве неколку реакции за денес на некои од најистакнатите музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата.

Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати преку својот официјален Инстаграм профил со порака:

„Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал… и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм.

Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција – организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски – Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење:

„Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста.
Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ – изјави популарниот Лозано за порталот Вистина.ком.мк

И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘ се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи.

„Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера. Тука втор пат отидов на концерт на,Златно Славејче после оној на Бело Копче во Маракана. 50тина мои настапи во Универзлна/Universal Hall, награди кои таму ми беа доделени…Се сеќавам кога настапив на Мис на Македонија,со трчање од автобус накај Универзална само што стигната од Србија(Белград) каде што снимав видео за песната Едно,се сопнав,а тоа штиклата пукнала. Излегов на сцена и пеев пред Северина која носеше преубав бел фустан и на самиот почеток штиклата се скрши. Ги соблеков двете и продолжив боса. Летав на сцената од среќа и се забавував до бескрај. Неколку Златни Буба Мари, 12 Величевствени, неколку гостувања на концерти,меѓу кои на мојот драг Игор Џамбазов,Борис Трајанов,Ребис и двата концерти и дуетот со Оливер Драгоевиќ. Нема да го заборавам и настапот со Стефче Стојкоски на вечерта посветена на Егејците кога ја испеав Со маки сум се родила и му ја посветив на мојот,сега веќе покоен дедо Атанас Катиновски Гоче. Стана дедо ми од седиштето додека пеев и плачеше таму пред целата публика, а потоа сите се расплакавме со него. Концерти на големи светски имиња на наши доајени,колеги се длабоко врежани во моите сеќавања,театарски представи,балетски представи и уште колку многу настани кои токму таму се одржуваа. Ве молам не ја рушете Универзална!!! Не можам да го замислам Скопје без Универзална! Универзална треба да ја чуваме и да ја обновиме,а не да ја рушиме!!!“

Оригиналниот текст видете го на Вистина.мк

Коронавирус