сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 42
home Вести

По реакциите од јавноста Командант Хоџа се повлекува од советничката функција во Владата

По реакциите од јавноста Командант Хоџа се повлекува од советничката функција во Владата

Реакциите на експертите и јавноста вродија со плод, Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа ќе се повлече од советничкото место во Владата на Република Македонија.

Иако премиерот кажа дека Командант Хоџа може да му биде од помош, сега најави дека по острите реакции од јавноста Шаќири ќе се повлече од местото кое му беше доделено. Заев кажа дека сам изразил желба да се повлече од премиерскиот кабинет.

-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата – изјави Заев од Охрид.

Коронавирус