Веќе два дена граѓаните на Ѓорче Петров протестираат пред основното училиште „Мирче Ацев“ , каде што во неделата беше прегазено десетгодишно дете. Детето беше прегазено од 46 годишен возач на автомобил „Опел Астра“.
Граѓаните на протестите бараат да се постават семафори на улицата „Борис Сарафов“ поради брзото возење.
Инаку, оваа улица е во надлежност на градот Скопје, од каде во минативе денови никој не отиде да поразговара со жителите на Ѓорче Петров.
Додека граѓаните бараат решение на овој проблем, градоначалникот го нема да ги слушне нивните проблеми, туку приоритет му се патувањата низ Европа. Тој многу често е надвор од Скопје, како што се посетите на Париз, Сараево, Љубљана…
Голем револт има кај граѓаните за сообраќајниот хаос на улицата Борис Сарафов, каде во неделата вечер беше прегазено малолетно дете од несовесен возач. Улицата е во надлежност на градот Скопје, а од таму никој не реагира, ниту дошол да види каква ситуацијата велат жители на општината.
-Не еднаш туку сто пати сме испраќале поплаки до градот, но досега нема никаква реакција, вели еден од жителите на Ѓорче Петров, кој додава дека додека тие молчат нашите деца гинат по улиците.
Навистина е невообичаено од Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов ниту еднаш да не ја посети критичната точка, а да има време за своите чести патувања, да има време да се фали за садење на зеленило, дрва или цвеќе, а да не се сретне со граѓаните кои имаат реални проблеми, дури дел од тие проблеми се и опасни по животот на жителите.
Ѓорчепетровци порачуваат дека сакаат конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивеењето во сообраќајот.